Нова дерби пресметка во домашното ракометно првенство. Во салата во скопската населба Автокоманда во рамките на 7.коло од плејоф Супер лигата, гостува актуелниот шампион Еурофарм Пелистер, а улогата на домаќин ја има вицепрвакот Алкалоид.

Натпревар што привлекува големо внимание особено што со триумф на домашниот тим борбата за титула ќе биде уште понеизвесна. Пораз на битолчани очекува и Вардар, па во таква состојба борбата за шампионската титула ќе се води до последниот натпревар. Триумф на Е.Пелистер ќе значи чекор поблиску за оваа екипа за одбрана на титулата. Почетокот на дуелот е во 18 часот, а ќе го судат Ѓорѓи Начевски и Славе Николов.

Оваа рунда ќе ја отворија Вардар и Бутел, меч во кој вардарци забележаа очекувана победа.

Струга во терминот од 16 часот е домаќин на Пролет, додека второто дерби на колото ќе се игра во Кавадарци меѓу Тиквеш и Охрид. Тоа е дуел на екипи кои се борат за четвртата позиција.

Во плејаут лигата се играат исто така дуелите од седмото коло. На програмата е само еден натпревар и тоа дуелот на екипите кои се борат за третата позиција. МРК Куманово е домаќин на Мулти Есенс, во мечот чиј почетокот е во 17 часот. Во недела се играат два натпревара: Еурофарм Пелистер 2 – Прилеп (почеток 18:30 часот) и Скопје – Голден Арт (почеток 15 часот). Слободна е екипата на Вардар Неготино.

СУПЕР ЛИГА ПЛЕЈ-ОФ (МАЖИ) 7.КОЛО
Сабота
ВАРДАР – БУТЕЛ  30-22
16.00 СТРУГА – ПРОЛЕТ
18.00 АЛКАЛОИД – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР
18.00 ТИКВЕШ – ОХРИД

ТАБЕЛА: Еурофарм Пелистер 20 бодови, Вардар 18, Алкалоид 15, Охрид 14, Тиквеш 13, Бутел 4, Пролет 3 и Струга 0.

СУПЕР ЛИГА ПЛЕЈ-АУТ (МАЖИ) 7.КОЛО
сабота
17.00  КУМАНОВО – МУЛТИ ЕСЕНС
Недела
15.00 СКОПЈЕ – ГОЛДЕН АРТ
18.30 ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2 – ПРИЛЕП
слободен ВАРДАР НЕГОТИНО

ТАБЕЛА: Прилеп 18 бодови, Е. Пелистер 2 15, Куманово 14, Мулти Есенс 13, Вардар Неготино 12, Голден Арт 6, Скопје 3