Со три натпревари (еден во машка и два во женска конкуренција) денеска започна разигрувањето за титулата во одбојкарскиот шампионат.

Во првиот меч, во машка конкуренција одбојкарите на Работнички полесно од очекуваното славеа победа над победникот во Купот, Штип УГД.

Триумфот домаќините го најавија уште во првиот сет кој чесно го добија со 25:20. Безмалку идентичен беше текот и на вториот кој заврши сои ист резултат 25:20, за водство на Работнички од 2-1. Гостите од Штип заиграа далеку подобро во третиот сет и го добија со 18:25. Но, тоа беше се што сторија штипјани, па скопјани го добија четвртиот сет со 25:16, а мечот со 3-1.

Сега Работнички го дели еден меч од пласман во финалето, а шанса за тоа ќе има пристојниот викенд на гостувањето во Штип.

Утре шампионот Струмица и Универзитет во Тетово ќе го играат својот прв полуфинален дуел.

Вечерва се играат и првите полуфинални мечеви во женска конкуренција, а двојките се: Струмица – Наковски волеј и Јанта волеј – Работнички.