Атлетико Мадрид успеа да забележи важна победа во борбата за места на табелата во шпанската Ла Лига, а кои водат во Лигата на шампионите. На гостувањето кај Виљареал, екипата на Атлетико славеше со 2-1.

Натпреварот одлично почна за гостите од Мадрид. Уште во деветтата минута Алекс Витсел погоди за 0-1.

По пет минути игра во вториот дел, Александер Сорлот со одличен удар од работ на шеснаесетникот го израмни резултатот на 1-1.

Гостите со сите сили тргнаа по ново водство. Офанзивната игра резултираше во самиот финиш, односно 87.минута кога Нигез му донесе триумф на Атлетико со конечни 2-1.

Освоените три бода гостите од Мадрид ги врати и на четврта позиција во лигата. Атлетико сега има два бода предност пред Атлетик Билбао, кој исто така се бори за место во Лигата на шампионите.

Следниот предизвик за тимот предводен од Диего Симеоне ќе биде Џирона, тим кој моментално ја зазема третата позиција на табелата.