Фудбалскиот клуб Работнички реши да направи промена на тренерската позиција, во обид да се избори опстанок во Првата лига.

Иако „Романтичарите“ се осми на табелата сепак се во опасната зона. Работнички има само бод повеќе од Вардар, три од Македонија ЃП и пет од последно пласираната Брегалница.

Во тимот од Дебар маало решија да направат промена на тренерската позиција, па на местото на Гоце Седлоски доаѓа Горан Станиќ.

„ФК Работнички спогодбено се раздели со досегашниот шеф на стручниот штаб, Гоце Седлоски.
Со него заминуваат и неговите соработници, Тони Мегленски и Сашко Поповски.

ФК Работнички за нов шеф на стручниот штаб го именуваше Горан Станиќ.
Негови асистенти ќе бидат Баже Лазаревски и Бојан Марковски. Тренер на голманите останува Матеј Миленков.

Новиот стручен штаб предводен од Горан Станиќ денеска ќе го одржи првиот тренинг со тимот“. објавија од клубот.

Прв предизвик за Станиќ пристојниот викенд ќе биде гостувањето во Охрид кај Воска спорт