Со одигрувањето на натпреварите од претпоследното 21.коло во Втората лига, остануваа само уште две непознаници. Која ќе биде последната екипа што ќе се пласира во плејофот, а која ќе се пресели во Третата лига.

Ова откако Мега баскет славеше над МЗТ Скопје У.Б., а Тетекс го победи Работнички. Токму дуелот меѓу Работнички и Мага Баскет директно решава за двете ситуации. Пораз на Работнички ќе значи преселба во Третата лига. Сепак Мега баскет ќе мора да чека „кикс“ Водно Санс во дуелот со Соколи. Победа на Работнички ќе го пресели Тетекс во понизок ранг, а ќе го промовира Водно Санс во четвртфиналист.

МКК Куманово плејофот ќе го дочека како прво пласиран, но дали и со максимален број на победи ќе видиме по дуелот со Шкупи. Двете екипи во 21-та рунда славеа победи. Кумановци над Маџари со што ја „запечатија“ втората позиција на Шкупи кој го совлада Борец.

Штипските Соколи го надиграа составот на Ангели и си ја осигура шестата позиција на табелата.

ВТОРА ЛИГА (МАЖИ) – 21.КОЛО
сабота

МАЏАРИ – МКК КУМАНОВО 60-68
ТЕТЕКС – РАБОТНИЧКИ 77-56
МЕГА БАСКЕТ – МЗТ СКОПЈЕ У.Б. 72-61
СОКОЛИ – АНГЕЛИ 82-60
ШКУПИ – БОРЕЦ БАСКЕТ 111-70
слободен ВОДНО САНС

ТАБЕЛА: МКК Куманово 38, Шкупи 35, Маџари 34, Ангели 31, МЗТ Скопје У.Б. 31, Соколи 27, Борец баскет 26, Водно Санс 25, Мега Баскет 25, Работнички 2018 22, Тетекс 21.

Последно 22.коло (6/7 април)
МКК КУМАНОВО – ШКУПИ
АНГЕЛИ – МАЏАРИ
РАБОТНИЧКИ – МЕГА БАСКЕТ
ВОДНО САНС – СОКОЛИ
БОРЕЦ БАСКЕТ – ТЕТЕКС
слободен МЗТ СКОПЈЕ У.Б.