Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски по пауза од осум натпревари повторно беше стрелец за својот тим Абердин во шкотското фудбалско првенство.

Миовски уште во петата минута му донесе водство на Абердин во дуелот со Рос Каунти. Сепак во 26.минута Мареај израмни на 1-1

Конечен резултат го постави МекГрат во 79.минуа за победа на Абердин од 2-1.

За Миовски сезонава тоа беше 14-ти гол во првенството на Шкотска.