Македонскиот шампион МЗТ Скопје Аеродром попладнево ќе го одигра последниот натпревар од лигашкиот дел во АБА2 конкуренцијата.

Аеродромци во моментов се петто рангирани на табелата. Она што може да го направат е да одат само едно место погоре.

МЗТ со победа ќе заврши како четврто рангира, а со пораз на петтото место.

Триумф на аеродромци во четвртфиналето ќе им ја донесе екипата на Подгорица, а пораз нов дуел со Широки Бријег. Едно е сигурно дека во евентуалното полуфинале МЗТ би играл со победникот од дуелот првопласираниот Стартак и осмиот Хелос.

Кого ќе „одберат“ аеродромци во четвртфиналето останува да видиме по натпреварот со Широки што ќе почне од 18 часот.