Екипите на Куманово и Вардар се првите два тима кои се пласираа на Ф4 турнирот од Купот на Македонија.

Дерби дуелот меѓу екипите на Металург Автокоманда и Куманово беше многу неизвесен и во поголем дел се играше израмнето. Во текот на првата половина двете екипи успеваа да создадат минимална предност но, не и да ја одржат. На полувреме Металург замина со позитива од 11:10. Второто полувреме резултатот во поголемиот дел беше изедначен. Кумановки во последната минута имаа гол предност (21:20), а Металург Автокоманда шанса да израмнат, но не успеаја.

Најдобри стрелци од екипата на Куманово беа Јана Ѓошевска и Сара Цветановска со шест погодоци, додека од Металург Автокоманда Гулицоска даде осум гола. Така бранителите на трофејот повторно обезбедија место на завршниот фајнал-фор турнир.

Екипата на Вардар со победа над Деспина со 30:21 се пласираше на „Ф4“ турнирот. Домашната екипа уште на почетокот успеа да создаде предност која ја одржуваше во текот на натпреварот. Па така и на полувреме тие имаа предност од +5 (16:11). Вардарки константно беа во водство и не дозволија во ни еден момент гостите да поведат. Од Вардар најефикасни беа Борјана Коцева и Ивона Трпевска со седум гола , додека од гостинската екипа Гичева Конеска Мери постигна шест погодоци.

Остануваат да се одиграат уште два натпревари, Чаир – Овче Поле и Ѓорче Петров – Пелистер по кои ќе ги дознаеме сите четири тима полуфиналисти.

Ивона Кимовска