По битолски Пелистер и кошаркарите на ТФТ го завршија својот настап сезонава во АБА2 лигата.

Тимот од скопската населба Тафталиџе загуби од Шибенка и како последно пласиран ја заврши сезоната. Во дуелот од последното 13-то коло, ТФТ е поразен од хрватската Шибенка со 76-89.

Освен во воведните три минути и последната предност 9-7, останатиот тек од меч ТФТ постојано беше во негатива. По првото полувреме избраниците на Боро Смилковски заминаа со минус шест поени (37-43). Ниту во вториот дел ништо подобро не одиграа кошаркарите на ТФТ па на крајот загубија со 13 разлика 76-89.

Така, ТФТ со само две победи и 11 порази (исто како и Шибенка), заврши на последната позиција на табелата, зад хрватскиот тим.

Од македонските претставници во игра останува само уште шампонот МЗТ Скопје.

Аеродромци утре ќе го одиграат својот натпревар од последното коло, а противник е екипата домаќинот на овој турнир Широки Бријег. Сино-белите со победа ќе бркаат подобра позиција во за разигрувањето, односно плејофот.