Екипата на ТФТ е поразена од Војводина во натпревар од 12.коло на АБА2 лигата.

Тимот од скопската населба Тафталиџе, го претрпе деветтиот пораз и останува на претпоследното место на табелата со само две победи.

ТФТ беше рамноправен само до седмата минута кога беше израмнето 16-16. Оттогаш па се до крајот на натпреварот новосадската екипа ка контролираше играта и резултатот. На крајот Војводина славеше со 22 поени разлика (72-50).

Во последниот свој натпревар (сабота) ТФТ ќе игра против Шибенка во дуелот за избегнување на дното на табелата.

Својот натпревар од 12.коло утре (15 часот) ќе го играат кошаркарите на МЗТ Скопје А. и тоа противи Златибор.