Ракометарките на Ѓорче Петров го завршија својот настап на европската сцена. македонскиот шампион повторо е поразен од шпанскиот тим Елче во четвртфиналето на ЕХФ Купот на Европа.

Во реванш дуелот од четвртфиналето одигран вечерва во Скопје, шпанскиот состав славеше со 37:18.

Македонските шампионки беа рамноправни до18.минура кога гостинките водеа со 8-9. До кракот на полувремето, ѓочепетровки постигнаа само два гола, па на паузата заминаа со негатива од шест гола (10-16).

Вториот дел налик на оној од првиот меч во Шпанија. Во него како да постоеше само една екипа, во случајот Елче, кој на крајот славеше со 19 голови разлика 37:18.

Со двете убедливи победи Елче заслужено е во полуфиналето на Европскиот куп.

Ѓорче Петров може да биде задоволен, бидејќи со самиот пласман меѓу осумте најдобри, го надмина успехот од претходната сезона.