Возбудувањата во фудбалскта Лига на шампиони практично „почнуваат денеска“, со ждрепката за четвртфиналето.

Останаа осумте екипи кои реално прикажаа и најмногу во групната фаза, но и првата елиминациска рунда.

Покрај бранителот на трофејот, Манчестер Сити англискиот фудбал ќе го претставува и лидерот на табелата во Премиер лигата, тимот на Арсенал.

Но, Англичаните, ќе имаат сериозни ривали во трите шпански претставници.

Актуелниот шампион Барселона која ја следат големи проблеми со повредите, покажа карактер кога беше нај потребно. Истото важи и за мадридскиот Атлетико кој по голема драма го елиминира по се изгледа идниот италијански првак Интер. Реал Мадрид кој е лидер во Ла Лига, игра константно и според многумина е главен конкурент на Сити за трофејот.

Во конкуренција на англиските и шпанските екипи се и по два германски и еден француски тим. Првакот на Германија, минхенски Баерн ја губи трката во Баер Леверкузен во Бундес лигата. Баварците спас на сезоната ќе бараат во Лигата на шампионите.

„Милионерите“ од Дортмунд заедно со Францускиот првак ПСЖ кај „букмејкерите“ се со најмали шанси на крајот на сезоната да го кренат шампионскиот трофеј.

Но! Ограничувања и овде во ждрепката нема, па може многу веројатно да гледаме и финале пред финалето, пример Сити – Реал.

Што ќе посакаат „топчињата“ и што ќе донесат оние што ќе ги извлекуваат, ќе видиме на ждрепката закажана во 12 часот.