Селекторот на најдобрата репрезентација на Македонија, Благоја Милевски го објави списокот на фудбалери за контролните натпревари против Молдавија и Црна Гора.

На списокот на селекторот Милевски се 28-мина фудбалери. Меѓу нив се и повратникот во репрезентацијата Дарко Велковски, а шанса ќе добие и Лирим Ќамили, од данскиот Хвидовре.

Собирот на репрезентацијата на Македонија е закажан во Анталија на 18 март.

Натпреварите ќе се играат во турскиот туристички центар Анталија на 22 и 25 март, на стадионот „Мардан“. 

Првиот против Молдавија ќе почне од 15.30 часот, а вториот против Црна Гора во терминот од 18 часот.