Познати се четири од осумте екипи што ќе продолжат во четвртфиналната рунда на Лигата на Европа.

Фудбалерите на Милан и втор пат убедливо славеа против Славија сега во Прага со 3-1. Англискиот Вест Хем кој минимално го загуби првиот меч од Фрајбург вечерва го демолираат германскиот тим.

Шпанскиот им Виљареал иако го совлада Олимпик Марсеј со 3-1 тоа не беше доволно да мине во следната фаза. Во неа ќе игра Бенфика која по нерешените 2-2 на домашен терен, вечерва славеше во Глазгов кај Ренџерс со 1-0.

Останатите четири патници во четвртфиналето ќе ги дознаеме вечерва по дуелите што ќе почнат во 21 часот. Пред промоција се, Ливерпул и Рома кои имаат голема предност од четири гола.

УЕФА ЛИГА НА ЕВРОПА – ОСМИНАФИНАЛЕ
реванш натпревари

РЕНЏЕРС – БЕНФИКА 0-1 (2-2 прв натпревар)
СЛАВИЈА ПРАГА – МИЛАН 1-3 (2-4)
ВИЉАРЕАЛ – О. МАРСЕЈ 3-1 (0-4)
ВЕСТ ХЕМ – ФРАЈБУРГ 5-0 (0-1)

од 21 часот
АТАЛАНТА – СПОРТИНГ ЛИСАБОН (1-1)
БАЕР ЛЕВЕРКУЗЕН – КАРАБАХ (2-2)
БРАЈТОН – РОМА (0-4)
ЛИВЕРПУЛ – СПАРТА ПРАГА (5-1)