Младата машка репрезентација на Македонија до 21 година кон крајот на март ги продолжува натпреварите во квалификациите за пласман на Европско првенство во Словачка 2025 година.
Селекцијата предводена од Драги Канатларовски ја очекуваат два натпревари против Гибралтар и Шведска на домашен терен.
Дуелот од 5.коло против Гибралтар е закажан на 21 март на Националната арена „Тодор Проески” со почеток во 14 часот.
Во истиот термин на истото стадион пет дена подоцна (26 март) младите македонски фудбалери ја пречекуваат Шведска, селекција над која славеа победа на гости во првото коло.
Собирот на репрезентација е закажан на 18 март во 12 часот во хотел Хилтон.
Селекторот Канатларовски за овие два натпревари ги повика следните фудбалери:
ГОЛМАНИ:
Марко Алчевски – А.П. Брера
Стефан Митрев – Кожув
Иван Николоски – Каменица Саса
ОДБРАНА:
Методи Максимов – Алесунд, Норвешка
Стефан Деспотовски – Работнички
Решат Рамадани – Шкендија
Имран Фетаи – Тиквеш
Андреј Стојчевски – Жилина
Михаил Димитриевски – Брегалница
СРЕДЕН РЕД:
Иван Николов – Сондеријске, Данска
Ардијан Цилафи – Сампдорија, Италија
Хамза Рамани – Шкупи
Лука Станковски – Тузласпор, Турција
Алекс Златков – Македонија Ѓ.П
Димитар Тодоровски Работнички
Матеј Ангелов – Работнички
Ване Крстевски – Шкендија
Берат Калкан – Гостивар
Еркан Семовски – Коге, Данска
Џемил Јахја – Воска Спорт
НАПАД:
Марио Илиевски – Кишварда
Луан Абази – Сент Гален, Швајцарија