Шпанскиот првак Барселона го елиминира италијанскиот Наполи во осминафиналето на Лигата на шампионите.

Во фантастичен дуел одигран на олимпискиот стадион во Барселона, домашниот тим славеше со 3:1 во реванш делот и се пласира во четвртфиналето.

Каталонците за само две минути направи два гола предност.

Во 15-тата минута по одличната асистенција на Јамал, на вистинското место беше Фермин Лопез кој погоди за 1-0. Веќе во 17-тата минута, по брзата контра Каталонците стигнаа до вториот гол. Обидот на Рафиња заврши во стативата, но топката се одби до Кансело кој погоди за 2-0

Италијанскиот шампион се врати во игра во 30-тата минута со голот на Рахмани.

Во вториот дел Барса имаше неколку зрели шанси за трет гол, но и Наполи за израмнување. Резултатит не се промени се до 83-тата минута, По акцијата на Гундоган и Роберто, одлилно беше проигран Левандовски кој погоди за 3-1 за Барселона.

До крајот на натпреварот немаше промена на резултатот, а Барса со вкупи 4-2 го доби двомечот.

Барселона им се пиклучи на Манчестер Сити, Реал Мадрид, Баерн Минхен и ПСЖ во четвртфиналето.

На дуелот во Лондон ќе се играат дополнителни 30,минути. Ова откако Арсенал во првото полувреме постигна гол, и ја анулира негативата во дуелот со Порто (1-1 вкупен резултат)