По 17 победни во низа во македонското првенство, одбојкарките на Струмица го претрпеа првиот пораз.

За тоа се погрижи шампионот Работнички кој во дербито од 4.коло на плејоф, втората фаза славеше со 3:1 во сетови.

Почетокот мина во израмнета игра се до 8-7, по што следуваше серија 6-0 за Работнички и водство со 14-7. Гостинската екипа возврати со три во низа за 14-10. Но тика застанаа. Домашните одбојкарки повторно ја презедоа иницијативата и полека ја зголемуваат предноста. Го добија сетот убедливо со 25-16 за водство од 1:0 во сетови.

И вториот сет налик на првиот. Гостинките подобро отворија поведоа со 2-4 по што пак серија со 5-0 и водство 7-4. Немаа решение стримичанки за турската интернационалка Јузген која поентираше речиси од секој напад. И овој сет им припадна на актуелните шампионки со 25-18.

Во третиот сет домаќинките брзо создадоа четири поени предност (6-2). Но, гостинките не се откажаа, напротив. Трпеливо ја градеа играта и на средината на сетот поведоа со 11-12. При водство на Работнички 14-13, Струмица направи низа од шест поени и за прв пат тие имаа најголеми +4. Таквата предност знаеја како да ја искористат гостинките, ја го добија сетот со 25-23 и намалија на 1:2.

Досега не поразената Струмица со 4-0 го отвори четвртиот сет. Не мина долго време и игра за Работнички да го сврти резултатот и поведе со 10-7. Го свртеа уште еднаш резултатот во своја полза струмичанки (12-11), а потоа беше израмнето до 15-15. Со две серии до 4-1 и 4-0, шампионот создаде предност која гостинките не успеаја да ја анулираат. На крајот Работички го реши сетот во своја полза со 25-21, а мечот со 3:1 во сетови.

И покрај поразот екипата на Струмица во плејофот ќе влезе од првата позиција на табелата. Голема е веројатноста во полуфиналето да игра токму против Работнички.