Како и минатиот викенд така и претстојниот во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), сите натпревари ќе се играат во недела (денеска). на програмата се дуелите од 23-тото коло или првото од последен дел од сезоната.

Актуелната состојба на табелата и бодовното салдо „ветува“ интересен и неизвесен фудбал, па борбата за секој бод нема да нé достасува.

Лидерот на табелата и актуелен шампон Струга ТЛ ја пречекав струмичка Брера. Пред своите симпатизери ќе играат и второ и трето пласираните, Шкупи и Шкендија, кај кои гостуваат Работнички и Воска Спорт.

Фудбалерите на Вардар ги очекува тешко гостувањето кај четврто рангираниот Гостивар, а во Кратово Силекс и Македонија ЃП ќе се обидат да ја прекина низата без победи.

Истото важи и за тимот на Тиквеш кој во Кавадарци ќе игра против штипска Брегалница.

Сите натпревари ќе почнат во 14 часот, а ќе може да ги ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ (линк)

ПРВА ЛИГА – 23.КОЛО
недела (14 часот)

СТРУГА ТРИМ ЛУМ – БРЕРА СТРУМИЦА
ШКУПИ – РАБОТНИЧКИ
ШКЕНДИЈА – ВОСКА СПОРТ
ГОСТИВАР – ВАРДАР
СИЛЕКС – МАКЕДОНИЈА ЃП
ТИКВЕШ – БРЕГАЛНИЦА

Standings provided by Sofascore