Откако вчера Ангели го совладаа МЗТ Скопје У.Б. во воведниот натпревар од 18-тото коло на Втората лига, денеска на програмата се останатите четири натпревари.

Најголемо внимание секако ќе привлече дербито во Чаир каде се среќаваат второ и трето пласираните кипи на табелата, пред ова коло.

Домашниот состав на Шкупи кој на полусезоната дополнително се засили, ја пречекува екипата на Маџари. Гостите од Маџари во овој натпревар влегуваат со победа повеќе од чаирчани, кои ги совладаа на првиот меѓусебен дуел.

Победникот, повеќе од сигурно, ќе ја има втората позиција на табелата, зад не поразениот МКК Куманово. Тоа ќе донесе и предност на домашен терен во евентуалната полуфинална пресметка, која ќе решава и за влез во Првата лига. Затоа се очекува и голема борба од двете страни.

Дербито Шкупи – Маџари ќе се игра од 18 часот, а претходно (16.30 ч.) денешната програма ќе ја отвори лидерот МКК Куманово со дуелот против Мега Баскет.

Сите натпревари може да ги ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ (линк)

ВТОРА ЛИГА (МАЖИ) – 18.КОЛО
недела
16:30 MKK КУМАНОВО – МЕГА БАСКЕТ
18.00 ШКУПИ – МАЏАРИ
19.00 РАБОТНИЧКИ 2018 – ВОДНО САНС
19.00 ТЕТЕКС ТТК – СОКОЛИ
сабота
АНГЕЛИ – МЗТ СКОПЈЕ У.Б. 68-58
слободен БОРЕЦ БАСКЕТ

ТАБЕЛА: МКК Куманово 34, Маџари 28, Ангели 28, Шкупи 27, МЗТ Скопје У.Б. 26, Борец баскет 23, Соколи 20, Мега Баскет 20, Водно Санс 20, Работнички 2018 18, Тетекс 16.