Македонскиот шампион Ѓорче Петров е убедливо поразен од Елче во првиот четвртфинален меч во ЕХФ Европскиот Куп. Шпанскиот тим славеше со 15 голови разлика 36:21.

Екипата на Елче веќе во 7-тата минута имаше пет гола предноста 6:1. Ѓорче со серија 2-0 успеа да ја намали негативата на 6:3. Шпанскиот тим повторно во 13-тата минута поведе со +5 (9:4). Иако во неколку обиди Ѓорче се обиде да ја намали негативата, домашната екипа без проблем ја одржуваше оваа предност.
Елче во 22-та минута ја зголеми предноста на 14:7, но на полувреме замина со +4 (14:10).

Вториот дел беше чиста формалност. Ѓорчепетровки во 45.минута намалија на три разлика 21-18 и тука застанаа. До крајот домаќинот постигна 15, а нашиот шампион само 3 гола, па Елче славеше со конечни 35-21.

Најефикасни од Ѓорче Петров беа Марија Јанкуловска со пет погодоци и Анадтадија Николовска со четири.

Повеќе од јасно е дека за Ѓорче Петров останува да го одигра само уште реванш натпреварот, следната недела (17 март) во Скопје, по кој ќе се зборува од европската сцена.

Ивона Кимовска