екипата на МЗТ Скопје Аеродром против Баскет Кам, ќе го брани трофејот во Купот на Македонија.

Во најавата за финалниот турнир, тренерот на аеродромки Горан Крстевски како фаворит број 1 го потенцира токму Баскет Кам. Сепак тренерот на сино-белите не размислува за предавање.

„Како што предвидов, одигравме тежок натпревар во полуфиналето.

Сега нé чека фаворитот на овој турнир.

Од она што го видов играа многу брза кошарка, тие шест седум девојки кои играат повеќе години заедно и во клубовите и во репрезентацијата, многу добро се познаваат меѓу себе. Ги предводи одличен тренер, Жаклина Стојановска.

Ќе се обидеме да парираме и да го одбраниме пехарот.

Дојдовме до финалето, предавање нема. Имаме малку време за подготовка и ќе се обидеме да направиме изненадување“, изјави Крстевски.

Лани МЗТ го совлада Басет Кам во финалето, а како ќе биде годинава ќе дознаеме по натпреварот што ќе почне во 16.15 часот.