Супер интересен, ефикасен и „контроверзен“ натпревар одиграа Валенсија и Реал Мадрид во шпанската Ла Лига. Дуелот на „Местаља“ заврши без победник со резултат од 2:2.

Првото полувреме беше за заборав на Реал.

По грешно поставување на Лунин, Хуго Дуро постигна гол за 1:0. Потоа по недоразбирање меѓу Лунин и Карвахал, Јаремчук искористи шанса и зголеми на 2:0. Винициус пред крајот на првиот дел постигна гол за 1:2.

Во вториот дел беше исполнет со драми на теренот.

После жестока борба на теренот, Винициус израмни на 2:2. Потоа пенал за Валенсија беше поништен поради ВАР. И на крајот се се резултираше кога во последниот напад на Реал, Белингам постигна гол, но судијата веќе имаше означено крај и поради протести Англичанецот доби црвен картон.

Реал кој е лидер на табелата сега има 66 бодови, седум повеќе од Џирона и девет од Барселона. Шанса да му се доближат ќе имаат две каталонски екипи, доколку успеат да слават победи. Џирона гостува кај тимот на Мајорка, а Барса оди во Билбао.

По овој бод Валенсија е деветта на табелата со 37 бодови.