Со трката за ГН Бахраин денеска, започнува новата сезона во Формула 1, 75-та по ред.

Како и во претходната така и во оваа фаворит за титулата е трикратниот светски шампион возач по ред, Макс Верстапен.

Тој минатата сезона постави рекорд со вкупно 19 победи во една Ф1 сезона.

Верстапен оваа сезона ќе има и мотив повеќе, а тоа е да се изедначи по бројот на титули со легендарниот Алан Прост и Себастијан Фетел, чиј рекорд по бројот на победи по ред вкупно девет, го собори минатата сезона.

Во Бахреин, ф1 пилотите ги тестираа своите нови болиди, а впечатокот на возачите и заедницата на Формула 1 е дека Ред Бул повторно ќе доминира, како и минатата сезона, во која тимот од 22 триумфираше на 21 трка.

Ред Бул ќе го има и Мексиканецот Серхио Перез, кој минатата сезона оствари две победи, а австрискиот тим најголемите конкуренти ќе ги има пред се во Ферари и Мерцедес.

Токму овие два тима беа во фокусот на јавноста, откако на почетокот на овој месец беше објавено дека на крајот од сезоната седумкратниот светски шампион Луис Хамилтон од германскиот тим ќе се пресели во Ферари.

Таа најава ја стави на втор план подготовката за стартот на новата сезона, но отвори и прашања за мотивацијата и на Хамилтон и на возачот на Ферари, Карлос Саинц, кој го напушта италијанскиот тим на крајот од сезоната.

Саинц беше единствениот возач кој лани победи на трка минатата сезона, откако постави најбрзо време во Сингапур, а не е од ред Бул.

Во својата последна сезона во Мерцедес, Хамилтон сепак ќе го има Џорџ Расел за тимски колега, додека прв возач на Ферари сигурно ќе биде Шарл Леклер.

Возачки промени немаше ниту во преостанатите седум екипи.

Меѓу другите во борбата за највисок пласман би можеле да се вклучат и возачите на Мекларен (Ландо Норис и Оскар Пјастри) и Астон Мартин (Фернандо Алонсо и Ленс Строл).

Ако немаше промени кај возачите, имаше и кога се во прашање имињата на тимовите.

По пет години соработка со Алфа Ромео, швајцарскиот Заубер го врати првобитното име, додека тимот на Алфа Таури сега е познат како – РБ.

Новата сезона носи рекорден број трки – дури 24, од кои спринтерските трки ќе се одржат на шест патеки.

Големата награда на Кина се враќа во календарот за прв пат по 2019 година и пандемијата на корона вирусот (од 19 до 21 април), а првата спринтерска трка во сезоната ќе се одржи во Шангај.

Мајами ќе дебитира и во спринтерски трки, кои ќе бидат домаќини на тркачкиот викенд од 3 до 5 мај. Останатите четири спринтерски трки ќе се одржат во Австрија, Остин, Сао Паоло и Катар.

Првите две воведни трки во Бахреин и Саудиска Арабија (9 март) беа преместени од недела во сабота поради Рамазан, што значеше дека целосниот тркачки викенд започна еден ден порано.

Сезоната на патеката Сакир веќе започнува, а на последниот слободен тренинг најбрз беше Луис Хамилтон од Мерцедес.

Денеска од 13 часот и 30 минути е закажан третиот слободен тренинг, а квалификациите почнуваат во 17 часот.

Првата трка од новата сезона е в сабота од 16 часот.

Сезоната ќе заврши на 8 декември со трката во Абу Даби./