Екипата на Ливерпул го освои трофејот во најстарото англиско натпреварување Лига или популарниот „Карабао“ Купот.

Во финалето одиграно на „Вембли“ во Лондон Ливерпул по продолжение го совлада Челзи со 1:0.

Иако натпреварот беше решен со само еден постигнат гол, сепак, двете екипи одиграа фантастичен натпревар. По еден поништен гол поради офсајд и уште дузина шанси на двете страни. Сепак голманите Петковиќ и Келехер беа „виновници“ што не видовме барем уште 3-4 гола.

Јунакот на Ливерпул беше Вирџил ван Дајк кој во 118-тата минута го постигна единствениот, победнички гол за Ливерпул.

Така Ливерпул во своето 14 финале го освои 10-тиот пехар и е најтрофејниот тим во ова натпреварување. Зад црвените се Манчестер Јунајтед со 8 и Манчестер Сити со 6 трофеи.

Челзи кој го одигра 10-тото финале, останува четврти со пет освоени трофеи