Во Првата македонска фудбалска лига попладнево беа одиграни пет натпревари од 19-тото коло, прво во пролетниот дел.

И веднаш по него промена на врвот на табелата. За тоа заслужни се фудбалерите на Работнички кои на домашен терен одиграа без голови во дуелот со актуелниот шампион Струга Трим Лум.

Тоа го искористија фудбалерите на Шкупи кои со триумфот над Воска спорт со 3-0 избија на 1.место на табелата.

Стружани останаа втори, но сега со два бодови повеќе од Шкендија која денеска славеше над Македонија Ѓорче Петров и тоа на гости со 1-0.

До минимални победи дојдоа и екипите на Брера Струмица и Брегалница и тоа со голови во самата завршница.

Струмичани во Кратово го победија Силекс со 1-0 со голот на Србинот, Стамениќ во 90-тата минута.

Пепи Георгиев со два гола беше јунакот на штипјани во победата од 2-1 над Тиквеш. Голот за три бода тој го постигна во осмата минута од судиското дополнение.

СИТЕ ГОЛОВИ ОД 19.КОЛО ЌЕ МОЖЕ ДА ГИ ГЛЕДАТЕ ОВДЕ

ПРВА ЛИГА – 19.КОЛО
недела

РАБОТНИЧКИ – СТРУГА Т.Л. 0-0
МАКЕДОНИЈА ЃП – ШКЕНДИЈА 0-1
ШКУПИ – ВОСКА СПОРТ 3-0
СИЛЕКС – БРЕРА СТРУМИЦА 0-1
БРЕГАЛНИЦА – ТИКВЕШ 2-1
вчера
ГОСТИВАР – ВАРДАР 1-1

Standings provided by Sofascore