Фудбалерите на Болоња продолжуваат со одличните настапи во Серија А.

Во натпреварот од 25.коло одигран на „Олмпико“ во Рим, Болоња го совлада Лацио со 2-1.

Два „поклон“ голови беа постигнати во првиот дел.

По грешката на гостинската одбрана, Исаксен му донесе предност на Лацио во 18.минута со 1-0.

Домаќините се реваншираа во 39.минута, а тоа го казни Ел Азузи за израмнување на 1-1.

Гостите до комплетен пресврт стигнаа во 78.минута кога погоди Зиркизе за водство и победа на Болоња со 2-1.

Со оваа победа и 45 бодови Болоња се израмни си Аталанта на табелата на 4-тото и 5-тото место.

Тимот од Бергамо, има одиграно еден натпревар помалку.