На последниот ден на Европското првенство во борење што се одржува во Букурешт, ќе имаме само еден претставник.

Честа на Македонија ќе ја брани Реџеп Хајдари кој има шанса дури и за медал.

Хајдари кој настапува во категоријата до 92 килограми попладнево ќе се бори во репасаж. Тоа е голема доколку успее да го победи Украинецот, Денис Шалиук, за се бори за бронзен медал.

На патот до оваа борба, Хајдари во осминафиналната рунда го победи Балаш Јухаш од Унгарија со 7-6, а во ќетвртфиналето загуби од Словакот, Борис Макоев (4-8) кој е финалист.

Претходно сите напи борачи потфрлија.

Владимир Егоров (61 кгр) загуби во 1.коло од Нурадин Новрузов од Азербеџанецот со 4-8 . Неславно мина и Расул Шапиев (74 кгр) кој со техничлки туш (2-12) беше поразен од Шпанецот, Мохамед Мотагинија.

Пораз во првата борба претрпе и Ахмад Могамедов (86 кгр) од Могамед Рамазанов (Бугарија) 2-6.

Исто минаа и останатите четворица македонски борачи кои настапија пред два дена, а две борби (порази) имаше и единствената дама.