Екипите на Алкалоид и Тиквеш ќе го играат дебито на колото во суперлигашката плеј-оф конкуренција.

Овој натпревар ќе биде и интересен од друг аспект. Еден наспроти друг ќе ги видиме двајцата селектори на Македонија. Сениорскиот Кирил Лазаров на „кормилото“ на Алкалоид и младинскиот Радослав Стојановиќ кај Тиквеш.

„Пред се очекувам добар и квалитетот натпревар.

Ова е предизвик за нас, да видиме како ќе изгледа Тиквеш против квалитетна екипа која има бројни репрезентативци.

Фаворит секако е Алкалоид кој досега е не поразен и е меѓу трите екипи што ќе се борат за шампионскиот трофеј.

Нам ни е важно, да покажеме добар и квалитетен натпревар, а дали тоа ќе биде доволно за успех, ќе видиме“, изјави Стојановиќ.

Дерби дуелот во Автокоманда ќе почне од 19.15 часот, а може да го ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ.