Фиорентина на гости кај Емполи одигра нерешено 1:1 и само со бод се враќа дома. На последните 7 натпревари Фиорентина само еднаш триумфираше и со ова реми ја продолжува лошата серија во италијанското калчо.

Гостите дојдоа први до водство во 29-тата минута кога Лукас Белтран стрелаше за 1:0. Тоа беше готово се во првиот дел.

Во продолжението, искусниот Мбае Нијанг успешно го совлада голманот на Фиорентина од белата точка во 56-тата минута за 1:1.

До крајот Фиорентина повеќе притискаше, но немаше посериозни прилики на двете страни и резултатот остана 1:1.

Фиорентина се наоѓа на седмото место и и диши во врат на шестопласираната Рома, додека Емполи е на 16-тото место односно на 2 бода од опасната зона.