Водечкото трио во Втората кошаркарска лига, МКК Куманово, Маџари и Шкупи немаше проблеми и остварија нови победи.

Сите три тима, натпреварите од 15.коло ги играа на гостински терен.

Лидерот и не поразен состав на МКК Куманово го совлада Ангели со 54-68. Едно добро полувреме не беше доволно Ангели да го изненадат фаворитот МКК Куманово.

По почетното водство на кумановци 11-3, домаќините брзо се вратија во игра па дури и поведоа 13-11. Се играше кош за кош се до крајот на четвртината која заврши 15-15. Цврстата одбрана придонесе Ангели ја го преземат водството и да поведат со 22-19. Сепак на одмор МКК Куманово замина со предност 32-29.

Решавачки се покажаа воведните пет минути од второто полувреме во кое домаќините не постигнаа ниту еден поен. Затоа гостите се одлепија и поведоа со 43-29. Веќе на крајот на периодот се беше се јасно, а во последната четвртина кумановци влегоа со 19 поени предност (53-34). Се што сторија домаќините до крајот е да го ублажат поразот на 14 разлика.

Маџари немаше никакви проблеми кај тимот на Куманово 2009 кој досега нема ниту една победа. Шкупи пак се радуваше во Прилеп, кај Мега баскет. Предноста на домашниот терен ја искористија МЗТ Скопје У.Б. и Соколи во дуелите со Тетекс и Работнички 2.

Колото, вечерва, ќе го комплетираат Водно Санс и велешки Борец баскет.

На првите три позиции нема промени, а сега МЗТ и Ангели ги заменија местата, додека Соколи е веднаш зад нив.

ВТОРА ЛИГА (МАЖИ) – 15.КОЛО
Недела

20.00 ВОДНО САНС – БОРЕЦ БАСКЕТ
Сабота
АНГЕЛИ – МКК КУМАНОВО 54-68
КУМАНОВО 2009 – МАЏАРИ 38-94
МЕГА БАСКЕТ – ШКУПИ 67-78
МЗТ СКОПЈЕ У.Б. – ТЕТЕКС 83-63
СОКОЛИ – РАБОТНИЧКИ 2 93-86

ТАБЕЛА: МКК Куманово 30, Маџари 28, Шкупи 27, МЗТ Скопје У.Б. 25, Ангели 24, Соколи 22, Борец баскет 20, Мега Баскет 20, Работнички 2018 20, Водно Санс 19, Тетекс 17, Куманово 2009 14.