По возбудувањата што ни ги донесоа воведните четири натпревари во Лигата на шампионите, сега на ред се дуелите во Лига Европа. 

Во второто по ранг европско клупско натпреварување денеска ќе се играат првите натпревари од шеснаесетина-финалето. 

Најголемо внимание ќе привлече дуелот во Ротердам, каде ќе се сретнат Феенорд и Рома.

Ова практично е реприза на финалето од првото издание на Конференциската лига пред две години. Сега во видно изменети состави двата тима имаат свои амбиции во Лигата на Европа. 

ФУДБАЛ – ЛИГА ЕВРОПА
18:45 ФЕЕНОРД – РОМА
18:45 ГАЛАТАСАРАЈ – СПАРТА ПРАГА
18:45 ШАХТЈОР – О. МАРСЕЈ
18:45 ЈАНГ БОЈС – СПОРТИНГ Л.
21:00 МИЛАН – РЕН
21 :00 БЕНФИКА – ТУЛУЗ
21:00 БРАГА – КАРАБАХ
21:00 ЛЕНС – ФРАЈБУРГ