Фаворитот Париз Сент Жермен славеше очекувана и убедлива победа над Еурофарм Пелистер во 11.коло од Лигата на шампионите.
Екс македонскиот селектор, а сега тренер на ПСЖ, Раул Гонзалез со свој коментар по вечерашниот натпревар во Битола.
каде неговиот тим славеше победа.
„Знаевме дека тука е многу тешко да се игра. Има голем притисок, одлични навивачи, и е навистина тешко.
Затоа ние го искористивме контра нападот и одигравме добро прво полувреме.
Направивме многу добра работа.
Мислам дека Пелистер, чекор по чекор ќе оди нагоре и му посакувам се најдобро“, истакна Шпанецот, Гонзалез.