Македонскиот првак Еурофарм Пелистер во овие моменти го игра својот 11-ти натпревар во Лигата на шампоните.

пелистерци досега немаат освоено ниту еден бод, а тешко дека нешто ќе се смени и по мечот со францускиот гигант ПСЖ.

Бројни промашувања имаа пелистерци во воведните 10-тина минути што на противникот му овозможи убава предност.

Тренерот Бранислав Ангеловски беше принуден да повика тајм-аут, на кој имаше што да каже.

„Јас ти реков, погоди го голот. Ама ако не го погодиш никако не може да биде гол“,
беа зборовите на Ангеловски.

Tренерот е апсолутно во право бидејќи, голем дел од обидите на неговите избраници завршија крај голот на ПСЖ.

Темпераментот на Ангеловски е добро познат, а тоа пред пет дена го демонстрира и на дуелот со Вардар кој битолчани го добија. И тогаш Ангеловски имаше што да каже (ВИДЕО).