Кошаркарите на Работнички одамна се немаат израдувани на трофеј. Првата шанса за тоа сезонава тимот од „Градски парк“ ќе ја бара во Купот на Македонија.

„Црвено-белите“ во четвртфиналето ќе се сретнат со ТФТ кој пред две сезони беше големо изненадување освојувајќи го трофејот.

„Голема чест и задоволство е да се биде дел од овој настан, се надевам дека ќе биде во најдобар ред.

Како играч имам многу куп-трофеи, но сега сум во поинаква улога.

Работнички секогаш атакува на трофеи, поголем акцент ставаме на титулата, но кога сме тука секако дека ќе сториме се за да го кренеме и куп-пехарот“, истакна тренерот на Работнички,  Горан Самарџиев

Работнички што два пати го совладаа ТФТ во Првата лига. Сепак, благата фаворитка улога избраниците на Самарџиев ќе мора да ја потврдат на терен.

„За нас купот засекогаш ќе остане специјално натпреварување, нешто што одговара на нашиот менталитет бидејќи со себе носи и емоција и инспирација.

Противник ни е Работнички, тим што ни ги нанесе двата најубедливи пораза оваа сезона.

Фокусот ни е на првиот меч, а сонуваме за финале в сабота“, изјави стратегот на ТФТ, Боро Смилковски.

Четвртфиналниот дуел меѓу Работнички и ТФТ ќе се игра во четврток од 17 часот.