Откако вчера беа одиграни пет од шесте натпревар од 17.коло во Првата лига, денеска останува да се одигра уште дербито. Во Кавадарци, кај Еуро Никел гостува Работнички.

За домаќините ова е второ последователно дерби пред својата публика. Кавадарчани во средата не успеаја да го совладаат актуелниот шампион. МЗТ Скопје Аеродром излезе како победник во дуелот што беше решен по продолжението.

Сега нов предизвик е нај трофејниот Работнички, уште еден тим кој претендира за шампионскиот трофеј. Внимание во овој меч ќе привлече и своевидното „враќање“ на Горан Самарџиев во неговото родно Кавадарци. Тој сега ќе го предводи ривалот Работнички во обид да се оствари нова победа и да се одржи чекорот со лидерот и рива МЗТ на врвот на табелата.

Двете екипи досега имаат по 12 победи како Пелистер и Чаир, па победникот ќе избие на второто место на табелата.

Натпреварот Еуро Никел – Работнички ќе почне во 18 часот. Истиот ќе може да го гледате на МРТ3 или ВО ЖИВО ОВДЕ (линк)

ПРВА ЛИГА (МАЖИ) – 17.коло
недела

18.00 ЕУРО НИКЕЛ – РАБОТНИЧКИ МРТ
Сабота
ПЕЛИСТЕР – ФЕНИКС 71-67
МЗТ СКОПЈЕ А. – ОХРИД
ГОСТИВАР – ТФТ 77-91
KOЖУВ – ЧАИР 70-84
АКАДЕМИЈА ФМП – ВАРДАР

ТАБЕЛА: МЗТ Скопје Аеродром 31 бод, Пелистер 29, Чаир 29, Работнички 27 (-1), Еуро Никел 28 (-1), ТФТ 28, Феникс 27, Гостивар 22, Кожув 20, Охрид 20, Академија ФМП 19, Вардар 19.