Екипата на Ангели забележа очекувана победа на гостувањето во Велес.

Во натпревар од 14.коло, Ангели го совладаа Борец баскет со 26 разлика 80-54.

Гостите одлично го почна натпреварот и во 7-мата минута прва двоцифрена предност (21-11). На првата пауза Ангели заминаа со +13 (27-14). Во 12.минута гостите имаа и +15 (31-15), но следуваше серија на велешани од 9-1 за (31-24). Но, до крајот на полувремето гостите пак се вратија на ,,безбедна” разлика (41-27). Во третата четвртина гостите од Скопје веќе имаа убедлива и недостижна предност (60-35), па последната беше само чиста формалност. На крајот Ангели славеа со конечни 80-54.

Со оваа победа Ангели се вратија на 4.место со 23 бодови колку што ина и петиот МЗТ Скопје УБ.

Колото ќе биде комплетно со двата натпревари закажани за во вторник.

ТАБЕЛА: МКК Куманово 26, Маџари 26, Шкупи 25, Ангели 23, МЗТ Скопје У.Б. 23, Борец баскет 20, Мега Баскет 19, Соколи 18, Водно Санс 19, Работнички 2018 18, Тетекс 16, Куманово 2009 12.