Откако загуби во петокот против Емполи на свој терен, управата на Салернитана реши да му даде отказ на тренерот Пипо Инзаги.

Емполи славеше со 1-3 нагости и со тоа само ја закова Салернитана на последното место во Калочото.

Тоа беше нивни седми пораз во последните осум средби. Со само две победи и седум нерешени, Салернитана имаат 13 бода по 24 одиграни кола.

Филипо Инзаги пред Салернитана, беше тренер и на: Реџина, Бреша, Беневенто, Болоња, Венеција, а во сезоната 2014/15 беше на клупата на Милан.

Раководството на клубот не трошат време и веќе се знае името на неговиот наследник на клупата.

Станува збор за Фабио Ливерани, а информацијата веќе ја потврдија од клубот.

Токму Ливерани е доведен да се обиде да го спаси клубот од преселба во Серија Б. Тој веќе следниот викенд ќе има голем предизвик.

Салернитана во рамките на 25 коло ќе игра нагости против лидерот на табелата тимот на Интер.