Кошаркарите на Пелистер го претрпеа шестиот пораз во АБА2 лигата. Во натпревар од 10.коло Пелистер загуби минимално со 79-78 од црногорската екипа Сутјеска.

Лошо го отворија натпреварот битолчани и пет минути беа без поен, а противникот тоа го искористи и поведе со 0-14. Се врати Пелистер во игра и нам 14-18. На првата пауза Пелистер ја заврши со -8 (16-24). Иста слика и во втората четвртина во кој Сутјеска пак имаше 12 предност, а Пелистер дојде на -1 (39-40). На одморот меѓу двете полувремиња се замина со резултат 45-41 за Сутјеска.

Иста слика и во третата четвртина. Сутјеска ќе се „одлепеше“, Пелистер ќе намали до -2, но никако и да ја анулира негативата. Па, во последниот период противникот влезе со осим поени предност. Конечно тоа им успеа на 4:40.минути до крајот кога за прв пат зелено-белите израмнија на 69-69, а потоа и поведоа 74-73.

Во последните двеипол минути се играше кош за кош. Во таквата игра повеќе среќа, но и нерви имаа кошаркарите на Сутјеска кои на крајот славеа со поен разлика 79-78 .

Андреј Магдевски со 17 и Планиниќ заврши со 15 поени и 12 скокови, а Лука Стојановски додаде 11 поени.

Пелистерци турнирот во Нови Сад го завршија со две победи на трите натпревари, а со 14 бодови се на 8 место на табела.

Попладнево (18 часот) својот последен натпревар во Нови Сад ќе го одигра МЗТ Скопје кој за противник ја има домашната Војводина.