Џирона се „сопна“ во походот кон титула со Реал Сосиедад, откако на вечерашниот натпревар се одигра 0:0.

Во првиот дел имаше возбуда. Двете екипи играа напаѓачки и интересен фудбал. Во 24.та минута на Џирона им беше поништен гол после ВАР поради офсајд.

Во вториот дел двете екипи не успеаја да постигнат гол. Џирона и Реал Сосиедад имаа само по еден обид во рамките на голот, па ниту едните, ниту другите, не направија нешто повеќе за да стигнат до победа.

Во походот кон титула „хитот” Џирона изгуби важни бодови пред натпреварот со Реал Мадрид.

Џирона е на втората позиција со 56 бода по 23 кола. Реал Сосиедад сеуште се на 6.та позиција со 37 бода по 23 натпревари.