Домаќинот на Африканскиот Куп на нации, селекцијата на Брегот на Слоновата Коска се пласира во полуфиналето на ова натпреварување.

Иако се провлекоа во нокаут фазата како најслабо трет рангирана селекција, па го сменија и селекторот, домаќините сега се меѓу четирите најдобри.

Ова откако го голема драма и 120-минути игра во четвртфиналето ја совладаа селекција на Мали со 2-1.

Првиот дел го одбележа не реализираниот пенал на фудбалерите на Мали, како и црвениот картон за домашниот играч Косуну.

Во вториот дел, Нене во 71-минута донесе предност на Мали, а во последната минута (90) Адингра израмни на 1-1.

Во продолженијата двете селекции не се откажуваа да стигнат до втор гол. За делириум на трибините се погрижи играчот на францускиот Ремс, Диаките кој во 122-та минута му донесе победа на својот национален тим.

Така Брегот на Слоновата Коска се избори за полуфинале во кое за противник ќе ја има селекцијата на ДР Конго.

Нигерија пак го чека исходот од последниот четвртфинален меч во кој играат Јужна Африка и Зеленортска Република.