Екипата на Барселона имаше триумфална „прошетка“ на натпреварот со Алавес. Во победата со 3:1, Барса натпреварот го заврши со играч помалку.

Уште во првиот дел Барса почна да игра добро. Плод на добрата игра на тимот на Чави беше голот на Левандовски во 22-та минута.

Второто полувреме беше подинамично. Прво предноста беше удвоена со голот на Гундоган. Следуваше погодок за Алавес преку Омородион кој намали на 2:1.

Виктор Роке за кратко време постигна гол, но и заработи црвен картон. Бразилецот во 67.минута зголеми на 3:1, а во 72 и 74-та минута заработи жолти картони по што предвреме го заврши натпреварот.

Сепак тоа не донесе промена на резултатот па Каталонците ги осоија трите бода

Барселона е на 3-та позиција на табелата со 50 бода по 23 одиграни кола. Алавес е на 12-то место со 26 бода.