Екипата на Астон Вила оствари убедлива победа на гостувањето кај Шефилд Јунајтед од 5:0 и со тоа ја прекина серијата од два натпревара без триумф во Премиер лигата.

Со овие три бодови Астон Вила се изедначи со бројот на бодови со Манчестер Сити и со Арсенал.

Серијата голови ја „отвори“ Џон Мек Гин во 12.та минута, а следнен мрежата на домашниот тим ја затресе Оли Воткинс во 20.та минута.

Победа беше запечатена веќе во 20.та минута по голот на Леон Бејли. Десет минути подоцна во листата на стрелци се запиша и Јури Тилеманс за 4:0 – резултат од првото полувреме.

Конечните 0:5 ги постави Алекс Морено во 47.та минута.

Во финишот на натпреварот Шефилд Јунајтед постигна гол, но поради офсајд беше поништен.