Изминатата ноќ во НБА лигата се одиграа осум натпревари, од кои издвојуваме три индивидуални настапи. Се истакнаа Виктор Вембањама со 44 поени, Алперен Шенгун со трипл-дабл и Кевин Дјурант кој стигна до бројката 33.000 поени.

Во еден од најинтересните дуели, Портланд го совлада Сан Антонио со 116:111 во рамки на НБА Купот.

Натпреварот во „Мода Центар“ донесе голема драма и дури 25 промени на водството. Домаќините ја добија ефикасната прва четвртина со 38:35. Вториот период заврши нерешено (22:22), па Портланд на полувремето замина со предност од 60:57. Во третата четвртина Сан Антонио возврати со 30:24 и направи пресврт за 84:87. Сепак, домашниот тим одигра одлично во последните 12 минути (32:24) и го обезбеди триумфот.

Дени Авдија го предводеше победничкиот состав со 33 поени и 12 скокови. Демијан Лилард додаде 29 поени и седум асистенции, а Сиди Сисоко уфрли 16 поени. Кај гостите блескаше Вембањама со 44 поени и 16 скокови. Солиден учинок имаа и Стефон Касл со 20 поени, како и Девин Васел со 18.

Сигурна победа пред своите навивачи забележа и Хјустон, кој го совлада Феникс со 116:104.

Домаќините со овој триумф ја прекинаа серијата на гостите од четири победи по ред. Феникс ја доби воведната четвртина со 29:33, но Хјустон возврати со доминантни 37:23 во втората. Домаќините го затворија првото полувреме со серија од 12:5 и поведоа со 66:56. По израмнетата трета четвртина (26:25), гостите ја отворија последната делница со серија од 16:5. Феникс намали на два поени негатива, но Фред ВанВлит погоди две тројки за мирен финиш.

Шенгун беше најефикасен кај Хјустон со трипл-дабл од 23 поени, 11 скокови и 10 асистенции. Дјурант запиша 20 поени и 10 скокови и стана петтиот играч во историјата со 33.000 поени. Амен Томпсон додаде 18 поени и 10 скокови, додека Девин Букер уфрли 25 поени за Феникс.

Резултати :

ШАРЛОТ – ЧИКАГО 105:107
ЊУЈОРК – КЛИВЛЕНД 121:102
ОКЛАХОМА СИТИ – МИНЕАПОЛИС 106:113
МЕМФИС – ЛОС АНЏЕЛЕС 115:97
МИЛВОКИ – БРУКЛИН 97:104
ХЈУСТОН – ФЕНИКС 116:104
САН ФРАНЦИСКО – САКРАМЕНТО 129:110
ПОРТЛАНД – САН АНТОНИО 116:111