Една добра четвртина не беше доволна кошаркарите на ТФТ да се израдуваат на втората победа во АБА2 лигата.

На првиот натпревар од турнирот во Нови Сад, а во рамките од 8.коло, ТФТ загуби од Подгорица со 88-83.

Избраниците на Боро Смилковски одиграа добра прва четвртина која ја добија со 29-20. Во втората имаа и +16 и тука застанаа. До крајот на периодот ТФТ не постигна ниту еден кош па Подгорица дојде на -4 (41-45).

На половина од третиот период противникот го презеде водството. Подгоричаните не успеаја да направат поголема предност од пет поени. Сепак и тоа се покажа како доволно да слават нова победа.

За македонскиот тим ова беше седмиот пораз по кој остануваат при самото дно на табелата.

Во следното коло ТФТ ќе игра против Спартак Суботица. Тој натпревар на програмата е во среда од 18 часот, а претходно од 15 часот Пелистер за противник ќе ја има Шибенка.

Утревечер (21 часот) МЗТ Скопје ќе игра против Шенчур.