Заминувањето на Жозе Мурињо како да ја препороди екипата на Рома.

Со доаѓањето на Дениеле Де Роси на тренерското место, „Римската Волчица“ ја оствари и втората победа.

На натпреварот од 22.коло во Серија А, Рома славеше на гостувањето кај последно пласираната Салернитана со 2-1.

Паоло Дибала од пенал (51-минута) и Лоренцо Пелегрини (66) беа стрелци на головите за Рома. За Салернитана погоди Кастанос (70).

Со оваа победа Рома скокна од 8-то на 5.место на табелата со бод повеќе од Фиорентина и Лацио, а два од Болоња. Сепак конкурентите допрва треба да ги играат своите натпревари од оваа рунда.

Standings provided by Sofascore