Фудбалерите на Борусија Дортмунд се изнамачија да го совладаат Бохум и да стигнат во важни три бода.

Во натпревар од 19.мколо на Бундес лигата, одигран пред своите навивачи во Дортмунд, Борусија го победи Бохум со 3-1

Јунак на „Милионерите“ Никлас Фулкруг кој ги постигна двата гола. Првиот за водство уште во 7-та минута од пенал. Кога сите очекуваа крај на првиот дел, Шлотербек со автогол во 45-тата минута го израмни резултатот на 1-1.

Во 78-та минута Фулкруг се најде на вистинското место и со прецизен удар со глава повторно ја затресе гостинската мрежа. Својот хет-трик Фулкруг го комплетира во 91-та минута повторно со удар од белата точка.

Со оваа победа и 36 бодови Дортмунд изби на 4.место на табелата и ја искористи кризата на Лајпциг, кој заостанува три бода.

Standings provided by Sofascore