Зимската пауза во одбојкарскиот шампионат тимовите го користат да се доекипираат. Таков е случајот со струмичкиот тим Наковски волеј кој во своите редови донесе нова одбојкарка.

Станува збор за искусната 29-годишна Тамара Благојевиќ која игра на позицијата среден блокер.

„Среќна сум што ќе бидам дел од тимот на Наковски волеј. После вториот одржан тренинг чувствувам дека одлично ќе се вклопам во тимот.

Морам да кажам дека сум изненадена од квалитетот и динамиката со која се игра одбојката овде.

Верувам дека ќе дадам голем придонес во остварување на зацртаните цели на тимот, освојување на КУП и шампионската титула“ изјави Благојевиќ.

Србинката треба да помогне во трката за трофеите кои Наковски волеј првенствено ќе ги води со градскиот ривал Струмица жени (единствената непоразена екипа досега).