Актуелниот Претседател на Македонскиот Олимписки Комитет (МОК), Даниел Димевски, повторно ќе се кандидира за прв човек на македонскиот олимпизам. 

Димевски ја најави својата кандидатура на официјалната Фејсбук страна на МОК. 

Тој за во петок (26 јануари) во 15 часот, на телевизискиот канал на МОК, ќе ја презентира изборната програма. Веќе утре ќе биде објавен и отчетот за сработеното во неговиот мандат. 

Димевски е првиот, официјален, кандидат за претседател на МОК на Изборното Собрание закажано за 8 февруари

Неофицијално, желба за функцијата пројави и легендарниот македонски пливач Александар Маленко.

Сепак, тој како и останатите можи кандидати, ќе мораат тоа да го сторат официјално со поднесување на апликација до МОК најдоцна до седум (7) дена пред денот на изборите.

СПОРТ+ неофицијално дознава дека во игра се уште најмалку двајца кандидати инаку актуелни претседатели на Национални спортски федерации, што е и еден од предусловите за кандидатура. 

Олимпизмот е во преден план кога во прашање е спортот.

Затоа нашата редакција останува отворена за презентација на сите можи кандидати.