Машката јуниорска репрезентација на Македонија за одбојкари до 18 години денеска ги почнуваат квалификациите за европското првенство.

Македонските надежи се домаќини на една од петте турнири од првата фаза.

Пред своите симпатизери во салата „Парк“ во Струмица, Македонија ќе ги игра дуелите во „А“ групата. Во неа за противници ќе ги имаат врсниците од Грција и Косово. Во втората, односно „Б“ група ќе играат три репрезентации, Србија, Турција и Романија.

Целта е освојување на едно од првите две места, што водат во полуфиналето, а со тоа и во втората рунда квалификации.

Во првиот натпревар македонските одбојкарски надежи ќе играат против Косово селекција која вчера загуби од Грција.