Ватерполистите на Шпанија ќе се борат за златниот медал на Европското првенство што се одржува во Хрватска.

Во првиот меч од полуфиналната рунда, чија завршница се игра во Загреб, Шпанците ја надиграа Италија.

„Црвената фурија“ славеше убедлива победа со 7-4 по периоди 2-1, 2-0, 1-0 и 2-3.

Шпанците по четврти пат ќе играат во финалето на Европскиот шампионат, во кое ќе атакуваат на првиот трофеј.

Кој ќе биде нивни противник, ќе дознаеме вечерва по мечот меѓу домаќинот и актуелен шампион Хрватска и вицепрвакот Унгарија.